Sarp Özer
27 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, во седиштето на НАТО одржа средба со специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија, Џејмс Џефри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на турското Министерство за одбрана, Акар и Џефри разговарале за последните случувања во Сирија, пред сѐ за Мунбич и источниот дел на реката Еуфрат.
„Акар на неговиот соговорник уште еднаш му ги пренесе ставовите на Турција во врска со безбедносната зона која се планира да се формира во источниот дел на Еуфрат, како и за очекувањата да се исполнат ветувањата дадени во Мунбич“, се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана.