Sarp Özer
19 Јули 2019•Ажурирај: 20 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Воздушните сили на Турција синоќа извршија опсежна воздушна операција во регионот Карачак, во северниот дел на Ирак, кој терористите на ПКК го користеле како база. Преку оваа операција, во чии рамки во голема мера е користена домашна и национална муниција, како и беспилотни летала, уништени се повеќе цели, меѓу кои засолништа, упоришта, пештери и складишта за оружје користени од терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамки на операцијата „Канџа“, турските сили продолжуваат да ги погодуваат терористичките позиции преку погранична воздушна операција.
„Во координација со операцијата „Канџа“, која продолжува во северниот дел на Ирак, со цел уништување на терористичките напади врз нашиот народ и нашите сили, како и осигурување на граничната безбедност, и во рамки на нашите меѓународни права, синоќа беше извршена опсежна воздушна операција во регионот Карачак, во северниот дел на Ирак, кој терористите на ПКК го користеле како база“, се вели во ова соопштение, во коешто се нагласува дека преку оваа операција уништени се повеќе цели, меѓу кои засолништа, упоришта, пештери и складишта за оружје користени од терористите.
Во соопштението се наведува дека во рамки на операцијата во голема мера биле користени домашни и национални муниции, како и беспилотни летала.
„Преку оваа операција, таргетирани беа само објекти на терористите, а беше вложен максимум напор, со цел да не му се наштети на цивилниот народ“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во коешто се додава дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност и упорност сè додека не биде неутрализиран и последниот терорист.