Sibel Uğurlu,Fatih Hafız Mehmet
31 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
ШАНЛИУРФА (АА) - Најмалку четворица терористи на ПЈД/ПКК убиени се денес источно од реката Еуфрат, северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турските сили од пограничната турска област Шанлиурфа испалија артилериски оган од турските хаубици врз терористичките позиции во подрачјето на Ајн ал Араб“, истакнаа безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни.
Изворот додава дека во гранатирањето се повредени шест терористи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои жени и деца.