Ömer Olcay
26 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека командосите на Турските вооружени сили (ТСК) неутрализирале 3 терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на официјалниот профил на Твитер на Министерството се наведува дека командосите продолжуваат со преземање мерки за обезбедување на мирот и безбедноста во областа на „Извор на мирот“.
„Нашите командоси херои, кој ги презедоа сите мерки за претпазливост во регионот, спречија обид за напад и неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ“, се нагласува во соопштениеото на Министертството.
Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.