Tuğçenur Yılmaz
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турција ја потврди својата поддршка за сувереноста и територијалниот интегритет на Украина и укажа на илегалната анексија на Крим, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција се наведува дека Автономната Република Крим при Украина е анектирана против меѓународните права од страна на Руската Федерација врз основа на нелегитимниот референдум одржан пред пет години.
„По овој повод, потврдуваме дека не ја признаваме фактичката состојба предизвикана како разултат на ова дејство, и ја потврдуваме нашата поддршка за сувереноста и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во ова соопштение, во кое се истакнува дека состојбата на кримските татарски Турци кои се локален народ на Крим, ќе продолжи да биде приоритетна за Турција.
„Турција ќе продолжи да ги поддржува кримските татарски Турци во Крим, кој е нивна историска татковина, со цел да се обезбеди нивното мирно и спокојно живеење и да се зачува нивниот идентитет“, се додава во ова соопштение.