Dursun Aydemir
04 Март 2021•Ажурирај: 05 Март 2021
БРИСЕЛ (АА) - Стотици возачи на компанијата „Убер“ во белгискиот главен град Брисел протестираа против одлуката која им забранува да примаат клиенти преку мобилната апликација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руди Вервурт, претседатлот на Владата на регионот Брисел, вчера соопшти дека донеле одлука преку која на убер-возачите им се забранува да примаат клиенти преку мобилната апликација, поради што денеска стотици убер-возачи се собраа пред владината зграда.
Вервурт претходно нагласи дека убер-возачите, во случај да продолжат со примање клиенти, ќе бидат парично казнети и ќе им биде одземена лиценцата, истакнувајќи дека треба да се почитуваат новите правила.
Во Брисел има околу 2.000 убер-возачи, кои овозможуваат транспорт со поповолни цени од останатите таксисти.