Kanyshai Butun
17 Септември 2026•Ажурирано: 17 Септември 2026
Рускo беспилотно летало погодило цивилен брод со знаме на Танзанија, кој пловел кон украинско пристаниште, при што загинал капетанот, а тројца членови на екипажот биле повредени, соопшти Киев денес, јавува Анадолу.
„Во моментов се утврдуваат информации за техничката состојба на бродот“, соопшти украинското Министерство за развој, инфраструктура и транспорт.
Министерството ја обвини Москва дека систематски ги гаѓа украинската пристанишна инфраструктура и цивилните трговски бродови.
„Ваквите напади создаваат дополнителни ризици за екипажите, меѓународниот поморски сообраќај и стабилноста на логистичките маршрути во Црното Море“, се наведува во соопштението.
Од Министерството соопштија дека Украина продолжува да соработува со меѓународните партнери за зајакнување на заштитата на цивилниот поморски сообраќај, одржување на поморските логистички маршрути и спречување на натамошно зголемување на безбедносните ризици во Црното Море.
Русија не ги коментираше овие наводи.