Selçuk Acar
19 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Ураганот Марија, кој по ураганот Ирма ги погоди Карипските острови во Атлантскиот Океан, премина во „петта категорија“, јавува Anadolu Agency (AA).
На Карипските Острови, каде што се трудат да ги залечат раните предизвикани од ураганот Ирма, постои загриженост за новиот ураган, Марија.
Ураганот Марија пристигна до Порто Рико и дo Девственитe Острови. Метеоролозите предупредија дека ураганот може да биде толку деструктивен што штетите не ќе можат да се поправат со месеци.
Гувернерот на Порто Рико, Рикардо Росело, истакна дека ураганот Марија ќе биде поразорен од Ирма, и оти може да предизвика повеќе врнежи и ветрови.
Националниот центар за урагани на САД (НХЦ) соопшти дека јачината на новиот ураган се зголемила до најмоќната, петта категорија.
- Може да се движи кон бреговите на Флорида -
НХЦ соопшти дека ураганот Марија со брзина од 260 километри на час го погоди островот Доминика на Карибите, а потоа новиот ураган ќе продолжи да се движи кон Карипските Острови, кон југозападниот дел на САД, особено кон Флорида, и ќе следи слична рута како Ирма.
Ураганот предизвика поројни дождови и поплави на Доминика, каде што живеат околу 72.000 лица. Премиерот на Доминика, Рузвелт Скерит, во една објава на социјалните мрежи соопшти дека покривот на неговата куќа е оштетен, а куќата му е поплавена. Скерит нагласи дека е среќа што останал жив, и е спасен.
Ураганот Ирма претходно одзеде повеќе животи на истата рута, а тој ги а, Џопогоди Флоридрџија, Алабама, Јужна и Северна Каролина во САД. Како резултат на тоа, околу седум милиони лица беа евакуирани.