Murat Ünlü
22 Април 2017•Ажурирај: 23 Април 2017
ПАРИЗ (АА) - Во Франција утре се одржува првиот круг од претседателските избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во трката се вклучени вкупно 11 кандидати за претседател. Ако ниту еден кандидат не освои мнозинство, што е речиси сигурно, вториот круг од претседателските избори ќе се одржат на 7-ми мај, а гласачите ќе избираат помеѓу двајца најдобро пласирани кандидати од првиот круг.
Според претходните испитувања на јавното мислење, кандидатката на радикалнодесничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен и лидерот на движењето Ел Марке (Напред) Емануел Maкрон имаат најдобри шанси за влез во вториот круг на изборите, а по нив следува кандидатот на републиканците Франсоа Фијон и радикалната левица Жан-Лук Meленхон.
На претседателските избори во Франција право на глас имаат околу 47 милиони регистрирани гласачи. Изборите ќе се одржат под високи безбедносни мерки, а гласањето ќе се одржи на 69.245 места.
Избирачките места ќе бидат отворени во 8, а затворени во 20 часа по европско време. Се очекува дека официјалните резултати да бидат објавени до 26 април.
Победникот на претседателските избори на 14 мај ќе ја преземе должноста од актуелниот претседател Франсоа Оланд.
Првата анкета која беше направена по последниот напад во Париз во кој загина еден полицаец, а беа повредени уште две други лица, покажува дека Maкрон е со 24,5 проценти на прво, и Ле Пен со 23 проценти на второто место.
Според анкетата, Франсоа Фијон и Жан-Лук Meленхон имаат по 19 проценти.
Претседателските кандидати во текот на изборната кампања од најмногу зборуваа за економските прашања и конкурентноста.