Sertaç Bulur
01 Март 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
АНКАРА
Фатени се девет лица, од кои пет припадници на терористичката организација ПКК, кои се обиделе илегално да влезат од Сирија во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека фатени се девет лица кои преки граничните премини Шанлиурфа/Џејланпинар и Мардин/Кизилтепе се обиделе на илегален начин да влезат од Сирија кон турската страна.
Според соопштението, по извршеното испитување, откриено е дека 5 од вкупно фатените лица биле припадници на терористичката организација ПКК.