Ekipa
29 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ХЕЛСИНКИ (АА) - Финскиот актуелен претседател Саули Нинисто (69) победи во првиот круг од претседателските избори, освојувајќи 62,7 отсто од гласовите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на сите преброени гласови, неговиот најголем ривал, Пека Хависто, од партијата Зелена лига, освои 12,4 отсто од гласовите.
За да добие нов шестгодишен мандат, без можност за обновување, Нинисто мораше да го освои мнозинството гласови на изборите. Освен Хависта, ниту еден од останатите шест кандидати не освои повеќе од седум отсто од гласовите.
Нинисто, поранешен министер за финансии и претседател на Парламентот, ужива голема популарност откако првпат беше избран за претседател на Финска во 2012 година.