Vesna Besic
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ЛОНДОН (АА) - Флота од 150 чамци, украсени со сијалици во знак на сеќавање на кралицата Елизабета Втора, пловеше синоќа по реката Темза во Лондон, известува Агенција Анадолија (АА).
Чамците пловеа меѓу мостовите Алберт и Тауер во Лондон.
Кралицата Елизабета Втора, британски монарх со најдолг стаж, почина на 8 септември во Шкотска во 97 година.

Таа беше погребана во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор до местото каде што е погребан нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина во 2021 година на 99-годишна возраст.
На погребот, меѓу 2.000 гости, имаше 500 светски лидери, меѓу кои американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, францускиот претседател Емануел Макрон, австралискиот премиер Ентони Албанезе, канадскиот премиер Џастин Трудо, полскиот премиер Матеуш Моравиецки, италијанскиот претседател Серџо Матарела и бројни други високи функционери од сите континенти.