Abdullah Aşıran
26 Јануари 2019•Ажурирај: 27 Јануари 2019
АМСТЕРДАМ (AA) - Градските власти на Амстердам, престолнината на Холандија, ќе преземат безбедносни мерки против нападите на џамиите и исламските организации и установи во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, во писмото упатено до Градската управа наведе дека исламските установи и џамии ќе бидат под заштита поради порастот на исламофобични закани во градот.
Нагласи дека во краток рок ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки против нападите на џамиите и исламските организации и установи, не прецизирајќи за какви мерки станува збор.
Нуман Јилмаз од партијата ДЕНК, заштитничка на малцинските муслимански и турски заедници во Холандија, за АА рече дека од оваа партија речиси една година предупредувале дека е потребно да се преземат мерки против екстремните десничари.
Додаде дека често и во Градското собрание го изнесувале прашањето за безбедноста на џамиите во Амстердам.
Истакна дека поради тоа се задоволни со најновата одлука на градоначалничката.