Abdullah Aşıran
03 Април 2021•Ажурирај: 05 Април 2021
РОТЕРДАМ (АА) - Подметнат е пожар во џамија што е во процес на изградба во холандскиот град Гауда, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се истакнува дека пожарот во џамијата „Еселсам“ при Исламско-мароканското здружение е подметнат од страна на 40-годишен напаѓач.
Како резултат на овој напад настаната е штета во џамијата.
Потпретседателот на Здружението, Фарид Хабиби, во изјава за АА го осуди нападот: „Намерно е извршен напад врз нашата џамија чија изградба е при крај. Тоа е ужасно. Верниците се уплашени и зачудени.“
Хабиби истакна дека се среќни што пожарот бил навреме изгаснат.
„Иако штетата не е многу голема, тоа е голема загуба за нас, со тоа уште повеќе ќе трае процесот на изградба“, нагласи тој и додаде дека случајот го пријавиле во полиција и дека започната е истрага.
Од друга страна, во полициското соопштение се наведува дека пожарот во џамијата е подметнат од страна на 40-годишен напаѓач и дека случајот бил пријавен синоќа во 3:00 часот по локално време.
Се вели дека осомниченото лице е приведено и дека е започната истрага.