Stipe Majiç
04 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
ЗАГРЕБ (АА)- Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер утрово стигна на рочиште на Жупанискиот суд во Загреб во придружба со двајца адвокати, Јадранка Слоковиќ и Чеда Продановиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е прв пат по повеќегодишно престојување во притвор Санадер да дојде на рочиште од слобода, односно од својата семејна куќа.
Рочиштето се одржува поради случајот Планинска. Имено, бившиот премиер Санадер обвинет е дека примил 17 милиони куни (2,25 милиони евра) провизија за време на купувањето на зградата во сопственост на Стјепан Фиолиќ за Министерството за регионален развој.
На рочиштето дојде и Стјепан Фиолиќ, сопстевникот на познатиот хрватски ланец на месари.
Во ноември во 2012 година Санадер e осуден на десет години затвор во случајот Хипо и Ина-МОЛ. По одлуката на Уставниот суд донесена минатата недела, пуштен е од затвор во Реметинец со образложение дека нема опасност од бегство на оптужениот.
За случајот Фими Медиа, Врховниот суд во септември оваа година исто така ја поништи неправоснажната пресуда.
Санадер беше во истражниот затвор во Реметинец од ноември 2012 година, кога му е изрешена првата, а подоцна укината пресудата во случаевите Хипо и Ина-МОЛ. Пред тоа, Санадер поради бегство при крај на 2010 година беше притворен во Австрија.