Stipe Mayiç
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Втората седница на Саборот на Република Хрватска на која пратениците гласаа за именувањето на новата влада која ја предложи мандатарот Тихомир Орешковиќ, се одржа денес со обраќање на Орешковиќ, на која беше изнесена стратегијата на Владата која би требала да ја води земјата во следните четири години, јавува Anadolu Agency (AA).
На почетокот на обраќањето во Саборот, на кое присуствуваше и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, мандатарот рече дека целта му е зголемување на стандардот на граѓаните, економската и општествената состојба во земјата.
Утврди дека Хрватска поминува низ макроекономска нерамнотежа, што се покажува преку големата невработеност, забавен раст, неефикасна јавна администрација и слаба конкурентност.
Рече дека долгорочната цел на Хрватска до 2020 година ќе биде да го намали јавниот долг на помалку од 80 отсто од БНП.
Нагласи дека треба да се зголеми извозот за 30 отсто и да се зголеми растот на БДП за додатни 2.000 евра по глава на жител.
Орешковиќ ги претстави 20-те кандидати за членови на новиот состав на Владата, по што од пратениците побара гласање.
Опозициските партии соединети во коалицијата Хрватска расте, најавија дека нема да гласаат за новата Влада.