Berk Kutay Gökmen
24 Јуни 2026•Ажурирано: 24 Јуни 2026
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денес соопшти дека нејзините сили убиле висок член на ДЕАШ во неодамнешен воздушен напад извршен во северозападна Сирија, пренесува Анадолу.
Американските сили „извршија воздушен напад во северозападна Сирија на 19 јуни, кој резултираше со смрт на висок лидер на ИДИС (ДЕАШ)“, објави ЦЕНТКОМ во соопштението на американската социјална платформа Х.
Во нападот бил убиен Али Хусеин ал-Улајви како „дел од тековните напори на САД за попречување и елиминирање на терористите кои се обидуваат да ги нападнат Американците во странство или на територијата на САД“, се вели во соопштението, при што се додава дека американските сили продолжуваат да работат заедно со регионалните партнери.
„ЦЕНТКОМ и нашите партнери остануваат целосно посветени на искоренувањето на преостанатите ќелии на ДЕАШ, со цел да се обезбеди негов траен пораз“, изјави командантот на ЦЕНТКОМ, адмирал Бред Купер.
„Ние ќе продолжиме да ја браниме територијата на САД, нашите припадници на службата, како и сојузниците и партнерите низ регионот.“