Bilgin S. Şaşmaz
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
ЧИКАГО (AA) - Многу ниските температури неповолно се одразија и на секојдневниот живот на жителите на американскиот Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Во последните денови температурите во овој град во текот на снежните врнежи изнесуваат дури и минус 20.
Поради исклучително ниските температури на некои локации во градот се покренати места за загрејување.
Според последните информации, ова се најниски температури во Чикаго во текот на последните неколку години.
Властите ги предупредија жителите на опасност од смрзнување, нагласувајќи дека надвор не би требале да се задржуваат повеќе од 30 минути.
Одредени делови на езерото Мичиген поради ниските температури останаа под лед.