Ali Cura
16 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
КИЕВ (АА) - Претседателот на Националното собрание на кримските Татари, украинскиот пратеник Рефат Чубатов, истакна дека руското раководство кон кримските Татари се однесува исто како раководството на Советскиот Сојуз кое во 1944 година вршело прогон на татарскиот народ од Кримскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Чубаров даде информации за најновите случувања на Кримскиот Полуостров на состанокот на тема „Прогонот од 1944 година и последиците од окупацијата во 2014 годинa”.
Во своето излагање Чубаров истакна дeка руското раководство по окупацијата на Кримскиот Полуостров започнало процес на чистење на кримските Татари од полуостровот.
„Руското раководство кон кримските Татари се однесува исто како раководството на Советскиот Сојуз кое во 1944 година вршеше прогон на татарскиот народ од Кримскиот Полуостров. Во моментов 18 кримски Татари се во затвор. Од нив 14-мина се обвинети за терористички напади. Очекувам во деновите пред нас оваа листа да се зголеми", рече Чубаров.
Тој истакна дека руското раководство сака на Европа да ѝ прикаже поинаква слика од реалната.
„Окупациското раководство се обидува да ја измами Европа прикажувајќи им поинаквa слика за состојбата на полуостровот. Својата борба кон кримските Татари сакаат да ја прикажат како борба против тероризмот. Целта им е иста како и во времето на Сталин, со притисоци да ги отстранат кримските Татари од полуостровот. Тоа сега го прават во соработка со хибридната влада. Сакаат со притисоци да ги принудат кримските Татари да ги напуштат своите домови.“
Чубаров на состанокот говореше дека руското раководство има за цел, како и на Кавказ, да ги доведе народите на Крим еден спроти друг. Во таа насока започната е акција на формирање на одделна воена единица од кримските Татари.
„Се обидуваат нашите деца и нашата младина, давајќи им воена обука, да ги завртат против сопствениот народ. Според информациите кои ги имаме, 14 млади кримски Татари се избрани за обука во Федералната служба за безбедност на Русија“, нагласи Рефат Чубаров.