Servet Günerigök
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш му честиташе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата победа во вториот круг од претседателските избори одржани вчера, јавува Анадолу.
„Генералниот секретар му честиташе на претседателот Реџеп Таип Ердоган за неговиот реизбор за претседател на Република Туркије. Тој со нетрпение очекува натамошно зајакнување на соработката меѓу Туркије и Обединетите нации“, се вели во соопштението на портпаролот на Гутереш.
Ердоган е реизбран за претседател на Туркије во вториот круг од изборите, изјави вчера претседателот на Врховниот изборен совет на земјата (ЈСК).
Во изјавата за новинарите во главниот град Анкара, шефот на ЈСК, Ахмет Јенер, рече дека Ердоган го добил претседателството на Туркије над противкандидатот од опозицијата, Кемал Киличдароглу, во вториот круг на гласање.
Според неофицијалните резултати, турскиот претседател победи во трката со 52,14 отсто, додека Киличдароглу доби 47,86 отсто од гласовите, рече тој, додавајќи дека досега се отворени 99,43 отсто од гласачките кутии.