Said İbicioğlu
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ТАИЗ (АА) - Во судирите во јеменскиот град Таиз, во текот на септември загинаа 87 лица, а 332 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на Хуманитарната коалиција составена од повеќе од 100 хуманитарни организации, во текот на септември, во насилни судири животот го загубија 87 лица, од кои 9 деца, а 11 жени.
Во истиот период беа повредени вкупно 332 лица, од кои 74 деца и 31 жена. Во судирите настанала и материјална штета на приближно 72 објекта, меѓу кои куќи, џамии, владини згради и училишта.
Градот се соочува со хуманитарна криза, поради неможноста за дотур на помош.
Претседателот на коалицијата, Емин ел-Хајдари, во изјава за АА рече дека повеќето од загинатите се приврзаници на претседателот Абду Рабу Мансур Хади, припадници на војската и цивили.
Продолжуваат судирите во Таиз и околината, каде што приврзаниците на власта, Народните сили на отпорот во август делумно ја разбија опсадата на Хусите.