Mehmet Nuri Uçar
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
БЕЈДА (АА) - Најмалку седум припадници на терористичката организација Ал-Каеда се неутрализирани во операција со беспилотно летало во градот Ал Бејда, во централниот дел на Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, со беспилотното летало, за кое се претпоставува дека е американско, погоден е мотоцикл во Ал Бајда во моментот додека со него се превезувале двајца милитанти на Ал-Каеда.
Во вториот напад со беспилотно летало, во истиот град, беа убиени уште пет милитанти, додека повредени се неколку лица.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна во која бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и Конгресот предводен од соборениот претседател, Али Абдула Салех, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Претседателот на Јемен, Хади, и неговата влада побегнаа во Саудиска Арабија. Јужниот град Аден моментално е административен центар на меѓународно признатата јеменска влада.
Судирите во Јемен додатно ескалираа во март минатата година кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници започна да спроведува воздушни напади врз позициите на бунтовниците.
Двете рудни мировни преговори под покровителство на ОН не резултираа со решавање на конфликтот во таа земја.