Seyit Ahmet Aytaç
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ЏУБА (АА) - Вооружената опозициска група изврши напад на владините сили во централната покраина Јужен Лиех во Јужен Судан, усмртувајќи 17 лица, соопштија денес безбедносни извори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Соопштено е дека по нападот лицата кои се наоѓале во близина се сокриле во седиштето на ОН во градот Леру.
Јужен Судан кон средината на декември 2013 година влезе во политички и воен хаос кога претседателот Салва Кир го отпушти својот заменик Мачар поради сомнежи дека подготвувал државен удар.
Од избивањето на судирите, десетици илјади лица загинаа, а речиси четири милиони се раселени.