Yunus Kaymaz
12 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ - Првиот грен слем тениски турнир сезонава, Австралија опен, ќе се игра пет дена без публика поради зголемениот број случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Даниел Ендрјус, премиерот на австралиската држава Викторија, изјави дека поради брзото зголемување на бројот на заболени од коронавирусот, на публиката нема да ѝ биде дозволено да присуствува на натпреварите во наредните пет дена, почнувајќи од денеска, а билетите ќе бидат вратени.
На Австралија опен, каде што беше дозволено дневно да присуствуваат 30.000 гледачи, љубителите на тенисот ќе можат да се вратат на трибините најрано на четвртфиналните натпревари.
Во хотел кој се наоѓа во карантин откриена е британската варијанта на Ковид-19 кај еден вработен, по што бројот на случаи на оваа варијанта на коронавирусот се зголеми на 13.