Gorana Jakovljevic
04 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Репрезентацијата на Аргентина синоќа избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство што се игра во Катар, совладувајќи ја селекцијата на Австралија со резултат 2:1, известува Агенција Анадолија (АА).
На стадионот „Ахмед бин Али“ во Доха, првиот погодок го постигна Лионел Меси во 35. минута од средбата.
Во второто полувреме, по грешката на голманот на Австралија, Рајан, Аргентина го зголеми водството на 2:0 со голот на Хулијан Алварез во 57. минута од натпреварот.
Австралија успеа да намали во 77. минута кога Крег Гудвин шутна кон голот на Аргентина, а топката удирајќи во Енцо Фернандез заврши во мрежата на Мартинез.
Во динамичното продолжение на средбата, и покрај големиот број можности, не беше постигнат погодок и натпреварот заврши со победа на Аргентина од 2:1 и пласман во четвртфиналето на СП Катар 2022.
Во натпреварот што се одигра во 16:00 часот Холандија ги совлада САД со 3:1 и во четвртфиналето ќе игра против Аргентина.
Денес на програмата се средбите:
16:00 Франција - Полска
20:00 Англија - Сенегал
Во понеделник, 5 декември, се среќаваат:
16:00 Јапонија - Хрватска
20:00 Бразил - Јужна Кореја
Последните осминафинални натпревари се закажани за 6 декември, кога ќе се одиграат натпреварите:
16:00 Мароко - Шпанија
20:00 Португалија - Швајцарија