Bedrudin Brljavac
13 Март 2024•Ажурирај: 14 Март 2024
ЛОНДОН / БАРСЕЛОНА (АА)
Арсенал и Барселона изборија пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу.
По поразот во првиот натпревар во гости со резултат 0:1, Арсенал во реванш-средбата во Лондон го совлада Порто со истиот резултат. Единствениот погодок за Арсенал го постигна Леандро Тросард во 41. минута. По завршувањето на натпреварот, започна одигрувањето на продолженијата.
Во продолжението на средбата немаше погодоци и по 120 минути минати на теренот, се премина на изведување пенали. Во ударите од белата точка Арсенал беше поефикасен и со 4:2 го совлада Порто и избори пласман во четвртфиналето на ЛШ.
Во вториот реванш-натпревар од четвртфиналето што се одигра синоќа се сретнаа Барселона и Наполи. Во првиот натпревар на теренот на Наполи, средбата заврши без победник, 1:1, а синоќа Барселона извојува победа од 3:1 и се пласираше во четвртфиналето.
Погодоците за Барселона ги постигнаа Фермин Лопез во 15. минута, Жоао Кансело во 17. и Роберт Левандовски во 83. минута. Единствениот погодок за гостите го постигна Амир Рахмани во 30. минута.
Минатата недела пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони изборија Баерн Минхен, Париз Сен Жермен, Реал Мадрид и актуелниот шампион, Манчестер Сити.
Денес се играат преостанатите две реванш-средби:
21:00 Атлетико Мадрид - Интер (0:1)
21:00 Борусија Дортмунд - ПСВ Ајндховен (1:1).