Bakir Tiro
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ТИРАНА (АА) - Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Мехмед Баждаревиќ, на конференцијата за медиумите одржана во Тирана во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Албанија порача одредени дилеми околу составот на екипата во натпреварот со Албанија ќе ги острани по вечерашниот тренинг, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ни недостасуваат некоку играчи, но тука се некои нови помлади и суспендирани против Гиблатар. Имаме екипа која може квалитетно да се спротистави на квалитетен тим како Албанија", рече Баждаревиќ, додавајќи:
„Очекувам дека утрешниот натпревар со Албанија ќе послужи да видиме нешто ново и дека во продолжение од квалификациите ќе можеме да сметаме на некои нови играчи", рече Баждаревиќ.
Тој порача дека и против Албанија нема да уигрува никакви варијанти за јунскиот квалификационен меч со Грција, бидејќи до тој натпревар има уште време.
На прашањето кој против Албанија ќе игра на позицијата на Миралем Пјаниќ, бидејќи тој ќе биде поштеден на барање на Јувентус, Баждаревиќ одговори:
„Никој нема да го имитира Пјаниќ. Ќе се обидеме да составиме екипа базирана на колектив и се надевам дека нема да се почуствува отсуството на Миралем."
Пријателскиот натпревар Албанија-БиХ се игра утре, на 28. март, на Елбасан Арената од 18 часот.