САРАЕВО (АА) - Во 2016 година љубителите на спортот сигуно ќе уживаат. Меѓу бројните големи спортски случувања се издвојуваат две кои привлекуваат најмногу внимание, Летните олимписки игри во бразилскиот Рио де Жанеиро во август, како и Европското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во јуни во Франција.
Првиот спортски деликатес во 2016 година ќе биде во Белград, каде од 10-ти до 23-ти јануари ќе се одржи Европското првенство во ватерполо, кога силите ќе си ги одмерат 16-те најдобри тимови од Стариот континент. Главниот град на Србија ќе биде домаќин на ЕП во мал фудбал од 2-ри до 13-ти февруари, па во годината пред нас Белград со целосно право може да се нарече регионална спортска престолнина.
Светското првенство во скијачки летови ќе го гледаме од австрискиот Бад Митерндорф, од 14-ти до 17-ти јануари. Во Полска од 15-ти до 31-ви во првиот месец од 2016 година на распоред е ЕП во ракомет. Меѓу 16-те екипи ќе настапат пет земји од просторите на нашиот регион (Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора). Титулата првак ќе ја брани Франција, освоена пред две години на шампионатот во Данска.
Руанда ќе биде домаќин на Африканскиот фудбалски куп на нации од 16-ти јануари до 7-ми февруари. Првата тениска "Grand Slam" сезона на "US Open" е од 18-ти до 31-ви јануари. Со примат на најдобрите оваа година, на турнирот ќе стигне Новак Ѓоковиќ (Србија) и Серена Вилијамс (САД). Феноменалниот спортски јануари ќе заврши со Европското првенство во уметничко лизгање во Братислава, од 25-ти до 31-ви јануари.
- Од 20-ти март, 67-та сезона на Формула 1 -
Седмиот ден од месец февруари на "Левис" стадионот во Санта Клара во Калифорнија ќе се одржи 50-тиот "Super Bowl", финалето на американскиот фудбал, еден од најгледаните спортски настани во светот.
Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во брзо лизгање од 11-ти до14-ти февруари. Од 12-ти до 21-ви февруари ќе се одржат Олимписките игри за млади во Лилехамер. Во норвешкото скијалиште за медали ќе се борат околу 1.110 спортисти од 70 земји. Во Норвешка ќе се одржи и 48-то СП во биатлон од 29-ти до 13-ти март.
"NBA All-Star" мечот за тековната сезона ќе се игра во Торонто на 14-ти февруари, додека 16-то СП во атлетика, во сала, ќе се одржува во Портланд (САД) од 17-ти до 20-ти март.
Новата 67-ма сезона на Формула 1, за Големата награда на Австралија, почнува на 20-ти март во Мелбурн. Во популарно наречениот "најголем циркус во светот" во 2016 година ќе учествуваат 20 возачи, 10 конструктори, а сезоната ќе се заврши со трката во Абу Даби на 27-ми ноември. Луис Хамилтон беше најдбар во 2015 од возачите, а "Мерцедес" ќе ја брани титулата на конструктор. Бостон од 28-ми март до 3-ти април на Светското првенство ќе биде домаќин на најдобрите во уметничко лизгање.
Од 28-ми март започнува СП во хокеј, кое до 4-ти април ќе се одржува во Канада. Во Сент Мориц во Швајцарија од 14-ти до 20-ти март е финалето на Светскиот куп во скијање, со што ќе се спушти завесата на сезоната на алпско скијање.
Во април ќе заврши сезоната на американските професионални НБА (кошарка) и НХЛ (хокеј) лиги. Популарниот маратон во Бостон ќе се одржи на 18-ти април, а лондонскиот на 24 -ти април. Од 21-ви до 24-ти април е ЕП во џудо во Русија. Во Истанбул од 20-ти април до 1-ви мај ќе се одржи ЕП во аматерски бокс.
- Спектакл до спектакл во месец мај -
Во Моска и Сент Петерсбург од 6-ти до 22-ри мај ќе се одржи СП во хокеј. Ќе настапат 16 репрезентации. Канада ќе го брани трофејот освоен во Чешката Република во 2015 година, што и беше 25-та планетарна титула. Култната велосипедска трка "Giro d'Italija" во спортскиот календар на 2016 година е од 6-ти до 29-ти мај. Ќе биде одржана по 99-ти пат а ќе се вози 21 етапа во кои велосипедистите ќе поминат 3.383 километри.
Европското првенство во водени спортови, 33-то по ред, ќе биде во Лондон, од 9-ти до 22-ри мај. Претходно, од 12-ти до 15-ти истиот месец "Final four Euroleague" во кошарка во Мерцедес-Бенц арената во Берлин.
Месец мај ќе изобилува со вистински спектакли. Финалето на "УЕФА Европа" лигата ќе се игра на стадионот "St. Jacob" во Базел на 18-ти, а на 28-ми мај на "San Sir" во Милано е финалето на Лигата на прваци. На улиците на Кралството Монако, на 29-ти ќе се вози најпопуларната трка на Формула 1, "Роланд Гарос", неговото 115 издание започнува на 22-ри мај. Финалето на втората Grand Slam сезона ќе биде на 5 јуни 2016 година. Во мај ќе се одржи планетарен шампионат во борење, во грчко-римски стил во Индија, и слободен стил во САД.
Од 3-ти до 26-ти јуни во САД ќе се одигра "Copa America". Во десет градови ќе се натпреваруваат 16 репрезентации од два континенти (Јужна и Северна Америка".
"UEFA EURO 2016" почнува на 10-ти јуни во Франција со натпреварот Франција-Романија на стадионот Stade de France. Ќе траe до 10-ти јули, а името на новиот континентален првак ќе го дознаеме по финалната средба. Титулата од шампионатот од пред четири години игран во Украина и Полска ќе ја брани Шпанија.
"NBA draft" е закажан за 23-ти јуни. "Wimbledon" во Лондон ќе започне на 27-ми јуни и ќе трае до 10-ти јули. Актуелни победници на неофицијалното СП во тенис за 2015 година се Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс.
- Стартот на "Tour de Francea" на 2-ри јули -
Втората по големина трка "Tour de France", по 103-ти пат ќе се одржи од 2-ри до 24-ти јули. Првата етапа ќе се вози од Mont Saint-Michel од Јута плажата. "Tour de France" оваа година ќе се вози и на дел од територијата на Шпанија, Андора и Швајцарија. Од 5-ти до 10-ти јули во Амстердам, љубителите на "кралицата на спортовите" ќе уживаат во 23-то Европско атлетско првенство.
Настанот над сите спортски настани во 2016 година е резервиран за периодот од 5-ти до21-ви август - Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро. Во прекрасниот бразилски град ќе се одржи 31-та Летна олимпијада на која ќе видиме 306 натпревари во 28 спортови во кои ќе учествуваат над 10.500 спортисти од 206 земји.
Натпреварите ќе се одвиваат на 33 спортски терени. На 9-ти август ќе се игра "UEFA Super Cup". Местото за првиот трофеј на меѓународната европска сцена ќе биде стадионот "Lerkendal" во норвешкиот Трондхејм. Последниот, четвртата тениска Grand Slam сезона на US Open почнува на 29-ти август, а ќе заврши со финале во машка конкуренција на 12-ти септември. Ѓоковиќ и во САД ќе ја брани титулата, додека победничката на "US Open" од 2015 година, Италијанката Флавија Пенета се прости од активното играње професионален тенис.
Параолимписките игри ќе се одржат во Рио од 7-ми до 18-ти септември. Со почетокот на деветиот месец во УЕФА зоната ќе започнат квалификациите за Светското фудбалско првенство "Русија 2018". Во Брисел на 9-ти септември ќе се случи финалниот расплет во атлетската Дијамантска лига, која ќе започне со "Grand Prix" на 6-ти мај во Катар, Доха.
Во октомври меѓу големите спортски случувања вреди да се издвои Европското првенство во пинг-понг. Домаќинот на најдобрите пинг-понгaри на Стариот континент ќе биде Унгарија, од 18-ти до 23-ти октомври.
Ноември ќе биде најсиромашниот, со спортски настани, месец во годината, барем кога се во прашање континенталните и планетарните првенства. Шлаг на тортата на спортската 2016 година ќе биде "сервиран" од 4-ти до 18-ти декември, кога во Шведска ќе се одржи ЕП во женски ракомет, како и 13-то СП во пливање во 25-метарски базени од 6-ти до 11-ти декември во Канада, јавува Anadolu Agency.
news_share_descriptionsubscription_contact
