Emrah Oktay
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На 5 јуни, понеделник, во Скопје, на стадионот „Телеком Арена“ ќе се одигра пријателски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Турција. Натпреварот ќе го води судијата Станислав Тодоров од Фудбалската федерација на Бугарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот на стадионот „Телеком Арена“ ќе започне во 19.45 часот, а на судијата Тодоров ќе му асистираат линиските судии Дејан Валков и Георги Дојнов.
Четвртиот судија на натпреварот ќе биде судијата Константин Влахо од Фудбалска федерација на Македонија.