Ekipa
15 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ТОКИО (АА) - Светската здравствена агенција (ВАДА) потпиша договор со јапонскиoт фармацевстки производител „Астелас Фарма“ за помош во борбата против допинг во спортот, јавува Anadolu Agency (AA).
Астелас ќе ги идентификува состојките во производите, вклучувајќи ги и оние во развој, кои би можеле да бидат злоупотребени од страна на спортистите, и ќе ги споделува информациите со ВАДА, со цел да помогне во пронаоѓањето метода за откривање на недозволени супстанци.
Јапонската компанија ќе соработува со ВАДА и за намалување на ризикот од злоупотреба на такви супстанци додека сè уште се во фаза на клинички испитувања.
Договорот е најнов пример за соработката на ВАДА со фармацевтските компании, откако Aгенцијата потпиша договор со британската компанија „Галаксо Смит Клајн“ пред почетокот на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година.
Астелас е прва компанија со седиште во Јапонија која оствари партнерство со ВАДА во настојување да се спречат несоодветните употреби на медицински производи за допинг цели.