Mutlu Demirtaştan
12 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Играчот од редовите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, е прогласен за најдобар фудбалер на англиската Премиер лига во сезоната 2018/2019, пренесува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на Премиер лигата објавени се резултатите, според кои Ван Дајк зад себе ги остави Серхио Агуеро, Бернардо Силва и Рахим Стерлинг од Манчестер сити, Еден Азар од Челзи и своите соиграчи, Мухамед Салах и Садио Мане.
Ван Дајк стана првиот дефанзивец од 2012 година, кога Винсент Компани, кој игра во одбраната, ја доби оваа престижна награда.