Alma Çekovic
28 Мај 2017•Ажурирај: 29 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер (67), изјави дека за неговата судбина во лондонскиот клуб ќе се знае до среда или четврток, пренесува Anadolu Agency (AA).
На францускиот експерт, кој во саботата со Арсенал го освои седмиот трофеј во ФА Купот по победата над Челзи (2-1), ова лето му истекува договорот со клубот, а за неговиот состанок во британските медиуми се шпекулира веќе со месеци.
„Во вторник имаме состанок на одборот, така што до среда или четврток сѐ ќе биде јасно”, изјави Венгер за BBC (Би-би-си).
Арсенал од 2002 година освои дури шест трофеи во ФА Купот, а Венгер освои седум, и по тоа е единствен во Велика Британија.
Венгер е тренер на Арсенал од септември 1996 година и има најдолг стаж од сите тренери во Премиер лигата. Со „топџиите“ освои три титули за прваци на Велика Британија (последниот 2004) и седум ФА Купови, а во 2006 година играше финале во Лигата на шампиони кога беше поразен од Барселона (2:1).
Оваа сезона првпат по 20 години заврши без пласман во Лигата на шампиони.