Yunus Kaymaz
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од англиската Премиер лига Вест Хем Јунајтед постигна договор со чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од овој клуб соопштија дека е потпишан тригодишен договор со 64-годишниот Пелегрини.
Пелегрини во својата кариера беше тренер на шпанскиот клуб Реал Мадрид, англискиот премиерлигаш Манчестер сити со кого освои титула во Премиер лигата, и за прв пат во историјата на овој клуб стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите во УЕФА.
Пелегрини од 2016 година досега беше тренер на кинескиот клуб Хебеи Чајна Форчун.