Onur Usta
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Во текот на синоќешните немири што се случија во навивачката зона во Париз по победата на Португалија над Франција (1: 0) во финалето на Европското првенство во фудбал 2016, уапсени се најмалку 20 лица, јавува Anadolu Agеncy (AA).
Париската полиција соопшти дека минатата ноќ се уапсени најмалку 50 лица за време на судирите меѓу навивачите и полицијата во навивачката зона во центарот на Париз, во близина на Ајфеловата кула.
Станува збор за навивачка зона со капацитет од 90.000 лица, која синоќа беше затворена од страна на француските безбедносни сили откако во неа влегоа над 100.000 навивачи.
Нередите избувнаа кога новодојдена група навивачи, поради своето незадоволство од неможноста за пристап до веќе пополнетата навивачка зона, почна да фрла со пиротехнички средства и да ги пали контејнерите и мотоциклите на паркингот.
Полицијата интервенираше со користење на солзавец и со димни бомби.