спорт

Галатасарај со 2:1 го совлада Фенербахче во четврт-финалето на турскиот куп Зираат

Во второто полувреме двете екипи одиграа тврд меч со акции на двете страни. По една акција во која учествуваше Осимен, дојде до мал дуел меѓу него и Мерт Мулдур, кој прерасна во расправија во која учествуваа играчите на двата тима

Oktaj Omeragikj  | 02.04.2025 - Обновена : 03.04.2025
Галатасарај со 2:1 го совлада Фенербахче во четврт-финалето на турскиот куп Зираат

СКОПЈЕ (АА) - Во четврт-финалето на турскиот куп Зираат, на стадионот Улкер се сретнаа екипите на Фенербахче и Галатасарај, известува Анадолу.

Екипата на Галатасaрај поведе со 0:1 со погодокот што го постигна Виктор Осимен во 10. минута. Во 27. минута Галатасарај веќе водеше со 0:2 со погодокот што Осимен го постигна со удар од белата точка.

Во судиското продолжение на првото полувреме, во 45 + 1 минута Фенербахче го намали резултатот на 1:2. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел од средбата двете екипи одиграа тврд меч со акции на двете страни. По една акција во која учествуваше Осимен, дојде до мал дуел меѓу него и Мерт Мулдур, кој прерасна во расправија во која учествуваа играчите на двата тима.

Поради тензиите тренерот на Галатасарај од игра ги извади Виктор Осимен и Бариш Алпер Јилмаз во 86. минута, но тензиите од теренот Бариш Алпер ги пренесе и надвор од него, по што настана голема турканица на делот покрај теренот. Играчите дотрчаа до делот кај клупите на двата клуба, а судијата ги повика помошните судии покрај него на средина на теренот.

По неколку минутна пауза судијата додели 4 црвени картони во 90 + 2 минута. На средбата 'поцрвенеа' Мерт Хакан и помошникот тренер на Фенербахче Салваторе Фоти, а од тимот на Галатасарај Бариш Алпер Јилмаз и Керем Демирбај.

Натпреварот беше продолжен 11 минути, но играчите на Хозе Мурињо не успеаја да постигнат погодок до крајот на натпреварот. Фенербахче имаше голема шанса кога топката беше упатена кон празната мрежа на Галатасарај, еден од играчите успеја со ножички ја исфрли топката од гол-линијата.

На крајот од натпреварот Галатасарај со победа од 1:2 си замина од стадионот „Улкер“ на Фенербахче.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.