Mutlu Demirtaştan
10 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Возачот на „Repsol Hondа“ (Репсол Хонда), Марк Маркез, е победник на Големата награда на Сан Марино, 13. трка на овогодишниот МотоГП Светски шампионат, јавува Anadolu Agency (AA).
На патеката Мисано Марко Симончели, долга 4.2 километри во Римини, Италија, беа возени 28 круга.
На Шпанецот, времето од 50:41.565 му ја донесе четвртата победа оваа сезона.
На второ место заврши Италијанецот Данило Петручи, возач на „OCTO Pramac“ (50: 42.757), додека трет беше неговиот сонародник од „Дукати“, Андреа Довизиосо (50: 53.271).
Следната трка на МотоГП шампионатот за Големата награда на Арагон ќе се вози на 24 септември.
Рангирање на возачите по Големата награда на Сан Марино:
1. Марк Маркез (Шпанија) - 199 поени
2. Андреа Довициозо (Италија) - 199
3. Маверик Виналес (Шпанија) - 183
4. Валентино Роси (Италија) - 157
5. Дани Педроса (Шпанија) - 150