Oktaj Omeragikj
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
СКОПЈЕ
Денеска (24 март) се играат првите натпревари од европските квалификации за учество на Светското фудбалско првенство 2022 што ќе се одржи во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
На европските квалификации за учество на Светското првенство Катар 2022 учествуваат 55 репрезентации поделени во 10 групи. По одиграните квалификации, 13 репрезентации ќе имаат можност да учествуваат на Светското првенство.
Репрезентациите што квалификациите ќе ги завршат како лидери на групите ќе обезбедат директен пласман на Светското фудбалско првенство, додека преостанатите 3 учесници ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите од плејофот. Во овие плејоф-средби ќе учествуваат второпласираните репрезентации од 10-те групи од европските квалификации за Светското првенство и двете најдобро пласирани репрезентации кои во рамките на УЕФА Националната лига не успеале да изборат учество на Светското првенство.
Денеска и утре на програмата се натпреварите од првото коло од европските квалификации за учество на Светското фудбалско првенство 2022 што ќе се одржи во Катар. Се среќаваат:
24 март (среда)
Група А
20:45 Португалија - Азербејџан
20:45 Србија - Република Ирска
Група Д
20:45 Финска - БиХ
20:45 Франција - Украина
Група Е
20:45 Белгија - Велс
20:45 Естонија - Република Чешка
Група Г
18:00 Турција - Норвешка
20:45 Гибралтар - Норвешка
20:45 Летонија - Црна Гора
Група Х
20:45 Словенија - Хрватска
20:45 Кипар - Словачка
20:45 Малта - Русија
25 март (четврток)
Група Б
20:45 Шпанија - Грција
20:45 Шведска - Грузија
Група Ц
18:00 Бугарија - Швајцарија
20:45 Италија - Северна Ирска
Група Ф
18:00 Израел - Данска
20:45 Молдавија - Фарски Острови
20:45 Шкотска - Австрија
Група И
20:45 Андора - Албанија
20:45 Англија - Сан Марино
20:45 Унгарија - Полска
Група Ј
20:45 Романија - Северна Македонија
20:45 Германија - Исланд
20:45 Лихтенштајн - Ерменија