Elvır Hodzıc
20 Февруари 2021•Ажурирај: 22 Февруари 2021
САРАЕВО
Некогашниот фудбалски ас Драган Стојковиќ-Пикси ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменикот на претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Марко Пантелиќ, соопшти дека договорот е постигнат, а дека повеќе детали за тоа ќе бидат соопштени на конференцијата за медиуми што се очекува по потпишувањето на договорот наредната недела.
Претходниот селектор Љубиша Тумбаковиќ од репрезентацијата на Србија отиде кон средината на декември, па оттогаш трае потрагата по нов шеф на стручниот штаб на „орлите“.
Локалните медиуми веќе неколку седмици пишуваа дека Пикси е единствен кандидат за нов селектор на Србија, но дека било потребно да се решат некои проблеми што ги имал во врска со неговиот клуб во Кина.