БЕЛГРАД (AA) – Небојша Петровиќ
Со потпишувањето на милионскиот договор со Гвангжу, српскиот репрезентативец Душко Тошиќ сврте нова страница во својата кариера, но истакнува дека секогаш ќе го памети времето поминато во дресот на Бешикташ.
Тој во разговор за Anadolu Agency (AA) зборуваше за својата фудбалска кариера, времето поминато во Бешикташ, како и за актуелните случувања.
„Жал ми е што не успеавме да оствариме хет-трик. Се боревме до последен здив, три кола пред крајот и понатаму бевме во игра, но не издржавме. Има многу причини, не би влегувал во детали. Едноставно, ја плативме сметката на играње на три фронта. Нашите директни конкуренти, Фенербахче, Галатасарај и Башакшехир немаа обврски во Европа. Многу е тешко а се игра во ритамот среда-сабота. Буквално немавме време да здивнеме со душата. Слетуваме навечер во Истанбул, веќе наутро патуваме на ново гостување. Имаше тука и повреди, потоа заминување на Џенк Тосун во Евертон. Да останеше тој ќе беше поинаква приказната. Но, не барам алиби, сами сме виновни. Далеку од тоа дека тоа е неуспех. Навивачите мора да бидат горди на фактот дека по осум години ја вративме титулата во витрините на Бешиктар и дека година дена покасно успеавме да ја одбраните титулата. Жестока е конкуренцијата и не можете секоја година да бидеме први", рече Тошиќ.
- Целата лига играше против нас -
По неколку недозволени киксови во есенскиот дел, но и во пролетниот, Бешикташ немаше блискав период за да може да дојде до третата последователна титула.
„Штом испаднавме од Баерн, започнавме да редиме победи во домашниот шампионат. Фативме ритам и никој веќе не можеше да не запре. За жал, беше доцна. Полесно е кога имате седум дена на располагање да се одморите и да направите анализа на наредниот противник. Да не беше Лигата на шампионите, убеден сум дека би имале барем 10 бода повеќе на своја сметка", рече Тошиќ.
Во неодамнешното ексклузивно интервју за АА, еден од најдобрите судии во светот Милорад Мажиќ говореше за тоа колку е тешко да се судат натпревари на турските клубови. Факт е и дека некои спорни одлуки на арбитрите влијаеле на бодовното салдо на Бешикташ.
„Добив впечаток дека целата лига играше против нас. Не само судиите. Како да им досадивме на сите по две години доминација и сакаа што поскоро да не симнат од тронот. Тоа е така во Турција. Немам докази и не можам да се заколнам дека имало лоши намери од страна на судиите, но симптоматично е тоа што во најважните натпревари имаше толку грешки на наша штета", истакна Тошиќ.
Голема прашина во Турција, но и надвор од границите на оваа земја, крена судирот помеѓу Душко Тошиќ со холандскиот фудбалер и поранешен играч на Фенербахче, Робин Ван Перси, за што репрезентативецот на Србија, вели:
„Тоа беше пред две години и не размислувам веќе за таа лоша епизода. Се случува во фудбалот, страстите излегоа од контролата и дојде до конфликт. Тој покасно отиде во Фејенорд, јас останав во Истанбул и не се среќававме повеќе на теренот. Ако еден ден дојде до нова средба, ќе си пружиме рака еден на друг. Јас сигурно ќе пружам, за него не знам".
Бешикташ остана без титула, но ги собори сите рекорди по бројот на жолтите и црвените картони оваа сезона. Просто е неверојатно толку искусни играчи лесно да наседнуваат на провокации.
„Не умеам да ја објаснам толкавата количина на нервоза и адреналин. Можеби тоа е до атмосферата на стадионот. Нашите навивачи се навистина големи фанатици и често се случува целата таа енергија да ја пренесат на нас доле на теренот. Како да стануваме диви и не знаеме што правиме. Сепак ние сме професионалци и не смееме да дозволиме емоциите да не понесат во негативна насока. Признавам, имаше ситуации во кои и јас морав да реагирам посовесно", рече Тошиќ.
Навивачите на Бешикташ, Тошиќ и неговото семејство, како што истакнува тој, го засакале и прифатиле како свое.
„Дојдов од мал клуб и имав многу проблеми во првите неколку месеци. Тие навикнаа Бешикташ да ангажира звучни имиња од најсилните европски клубови. И тогаш им доаѓа некој Тошиќ од Анкара. Беа скептици и навистина не беше лесно да се изборите за нивната доверба. Морав да дадам двојно подобри резултати од сите други за да докажам дека го заслужувам дресот на Бешикташ. Почетокот беше тежок, играв слабо, лошо ги поднесував свирежите од трибините. Подоцна, го фатив ритамот и се дојде на свое место. Тие сакаат кога играчот го остава срцето на теренот и гине за клубот. Јас бев таков. Им благодарам до небо на поддршката. Кога се опростував на последниот меч, целиот стадион скандираше 'I love you Tošić'. Се наежив и тоа нема да го заборавам додека сум жив ”.
- На Ѓунеш вечно ќе му бидам благодарен -
Српските медиуми ја пренесоа пораката која Тошиќ ја објав на социјалните мрежи откако тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, заврши во болница по инцидентите на натпреварот со Фенербахче.
„На Ѓунеш вечно ќе му бидам благодарен. Тоа е човек поради кој највеќе ми е криво што отидов од Турција. Веруваше во мене кога многумина мислеа да не го заслужувам местото во тимот. Доаѓаа врвни штопери во Бешикташ, но мојот статус никогаш не беше доведен во знак прашање. Речиси да не пропуштив ниту еден натпревар. Научив многу работи од Ѓунеш и благодарејќи на неговите совети дефинитивно созреав како играч. Се работи за одличен експерт и голем педагог. Не е лесно да го избалансирате толкав број личности на едно место. Човекот дома ќе се скара со сопругата, со родителите, со пријателите, а замислете како е во соблекувална со 30 различни карактери. Тој успешно се носеше со сите тие проблеми и сметам дека можеби и најдобар тренер со кој соработував во текот на кариерата", откри Тошиќ.
Како стандарден член на дефанзивната линија на Бешикташ, Тошиќ сменил неколку партнери во задната линија во тимот во текот на престојот во Истанбул.
„Имав одлична соработка со Марсело. Бевме ненадминлив тандем во шампионската сезона. Клубот не можеме да ја одбие баснословната понуда на Лион и тој отиде фо Франција. Потоа дојде Пепе. Големо име, врвен дефанзивец, борец без маана и страв. Надвор од теренот е потполно поинаква личност, во ниту еден момент не можете да почувствувате кај него доза на надменост што толку години бил член на најславниот клуб на светот. Не е многу постар од мене, но советите кои ги добив од него се како злато вредни", рече Тошиќ.
Во пресрет на почетокот на подготовките на Светското првенство, Тошиќ се поздрави со колегите во Истанбул и стави параф на договор со кинескиот Гвангжу.
„Пред шест месеци имаше и други понуди, се мислев, но поканата на Пикси ги разреши сите дилеми. Имам 33 години, во Бешикташ ги доживеав најубавите моменти во кариерата и мислам дека е време за нови предизвици. Сето тоа се направи на задоволство на двете страни. Јас во Истанбул стигнав како слободен играч, а клубот сега заработи огромна сума пари на мојот трансфер. Се чувствувам дека уште сум во врвна форма и дека можам во Кина да бидам од корист", истакна Тошиќ.
- Еуфорија на социјалните мрежи
Тошиќ не го освоил срцето на навивачите на Бешикташ само со игрите и чесниот однос кон дресот. Еуфорија на социјалните мрежи во јули 2016 година предизвика неговата фотографија покрај тенк, по обидот за државен удар во Турција.
„Многу интересна приказна. Имавме група на 'WhatsApp' и таа вечер кога се случи тоа сите добивме порака дека тренингот е откажан и никако да не излегуваме од дома. За мене, кој во Србија доживеа се и сешто, тоа не беше ништо страшно. Секако дека истрчав на улица и заедно со другите луѓе дадов поддршка во тие тешки моменти. Тука пред зграда имаше тенк, јас се сликав и испратив кај Јелена, но ја замоллив фотографијата да не ја испраќа никому бидејќи не сакав тоа да излезе во јавност. Бев многу лут кога дознав дека сепак, фотографијата ја објавила на Твитер, меѓутоа излезе феноменално. Илјадници и илјадници луѓе ја лајкуваа фотографијата. Реакциите беа позитивни и ме нарекоа 'Душко Тенк'. Многумина играчи тогаш ги раскинаа договорите со своите клубови и го напуштија Истанбул. Мене тоа не ми беше ниту на крај памет. Турција е моја втора земја, го сакам турскиот народ, нивните обичаи, начинот на живот и тој гест беше најмалку што можев да направам за нив. Не бев ниту свесен колку фотографијата со тенкот ќе одекне во целата јавност. Ете, поминаа две години, а и ден денеска ја лајкуваат и споделуваат на социјалните мрежи", раскажа фудбалерот Тошиќ.
news_share_descriptionsubscription_contact
