спорт

ЕВРО 2024: Нерешено одиграа Шкотска - Швајцарија и Хрватска - Албанија, Германија ја совлада Унгарија

- Денес на програмата се три средби. Се среќаваат Словенија - Србија во 15:00 часот, Данска - Англија во 18:00 и Шпанија - Италија во 21:00 часот

Bedrudin Brljavac  | 20.06.2024 - Обновена : 20.06.2024
ЕВРО 2024: Нерешено одиграа Шкотска - Швајцарија и Хрватска - Албанија, Германија ја совлада Унгарија Фото: Емин Сансар

КЕЛН / ХАМБУРГ / ШТУТГАРТ (АА) 

Вчера на програмата беа три средби од второто коло на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 што се игра во Германија, известува Анадолу.


- Шкотска и Швајцарија ремизираа

Во групата „А“ фудбалските репрезентации на Шкотска и Швајцарија ремизираа 1:1. Натпреварот се одигра на стадионот „Рајненергија“ во Келн. Шкотите поведоа во 13. минута со голот на Скот Мектоминај, а репрезентацијата на Швајцарија израмни во 26. минута со прекрасниот гол на Џердан Шаќири.

До крајот на средбата и двете селекции имаа по неколку добри шанси, но резултатот не се промени, а со ова реми Швајцарија се доближи на чекор до осминафиналето, додека Шкотска сѐ уште има шанси за пласман во осминафиналето.


- Германија - Унгарија 2:0

Во вториот натпревар од групата „А“ на ЕВРО 2024, германската фудбалска репрезентација ја совлада Унгарија со 2:0.

Средбата се одигра на преполната „МХХАрена“ во Штутгарт. Домаќинот на турнирот, Германија, поведе во 22. минута со голот на Џамал ​​Мусиала на асистенција на Илкај Ѓундоган.

Германскиот тим ја зголеми предноста во 67. минута преку Ѓундоган, кој постигна погодок по одличната асистенција на Максимилијан Мителштад.

На првото место во групата А е Германија со 6 бодови. Втора е Швајцарија со 4, третопласирана е Шкотска со еден бод, додека селекцијата на Унгарија нема бодови.


- Во групата Б се одигра средбата Хрватска - Албанија

Во Хамбург, на „Фолкспаркстадион“ се одигра средбата од второто коло од групата „Б“ на ЕВРО 2024 меѓу репрезентациите на Хрватска и Албанија. Средбата заврши без победник, 2:2.

Албанија поведе во 11. минута со голот на Ќазим Лачи. Хрватскиот тим потоа тргна агресивно и по бројните напади успеа да израмни дури во 74. минута преку Андреј Крамариќ. Две минути подоцна хрватскиот тим поведе со автоголот на Клаус Ѓасула со 2:1.

Сепак, по неколку добри напади, албанската репрезентација успеа да израмни на 2:2 со голот на Ѓасула во петтата минута од судиското надополнување, што беше и конечен резултат на средбата.

Селекциите на Шпанија и Италија имаат по 3 бода, а Албанија и Хрватска имаат по 1 бод. Денес во групата Б се среќаваат Шпанија и Италија. За пласман во осминафиналето на Хрвтска и Албанија ќе им бидат потребни победи во последното коло, каде Хрватска игра против Италија, а Албанија против Шпанија.


Денес на програмата се три натпревари. Се среќаваат:

15:00 Словенија - Србија

18:00 Данска - Англија

21:00 Шпанија - Италија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.