Ekipa
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ЛОНДОН (АА) - Енди Мареј потврди дека ќе се врати на натпреварувачкиот тенис на „Квинс клуб“ турнирот следната недела, по речиси една година пауза поради повредите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тројниот освојувач на трофеј не играше од минатогодишниот Вимблдон поради повредата на колкот и операцијата, но тренираше во петокот во „Квинс клубот“ истакнувајќи дека одлуката за настапот ќе ја објави денес.
„Енди Мареј потврди дека ќе игра“, објави управата на турнирот на својот профил на Твитер.
Шампионот на Френч опен, Рафаел Надал, се повлече во средата од „Квинс клубот“ за да се подготви за Вимблдон.
Турнирот „Квинс клуб“ е еден од главните турнири кој претставува увертира за Вимблдон кој започнува на 2 јули.