Ekipa
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ПАРИЗ (AA) -Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги повика фудбалерите да не ги изнесуваат децата на тревникот за да го прослават успехот во текот на Европското првенство, истакнувајќи дека таквите призори се убави но не и сигурни, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерите на Велс се изборија за влез во полуфиналто на Европското првенство во Франција откако направија пресврт во петокот победувајќи ја Белгија со 3:1.
Тој успех Велшаните неочекувано го прославија со своите деца кои им се придужија на теренот, што предизвика позитивни реакции кај многу љубители на фудбалот.
Сепак, УЕФА, бара да не се приредуваат семејни сцени на теренот на полуфиналниот натпревар помеѓу Велс и Португал во Лион во среда.
„Тоа е Европско првенство а не семејна забава. Стадионот не е најсигурно место за малите деца ако навивачите влезат на теренот или персоналот на стадионот ги изнесе машините на тревникот, рече Мартин Кален, директорот на Европското првенство во Франција.
„Тоа се убави глетки. Не сме во потполност против тоа, но сме внимателни", додаде Кален.