Dejan Maksimoviç
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ТОРИНО (АА) - Влезниците за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Барселона продадени се за само неколку минути, јавува Anadolu Agency (AA).
„Старата дама“ ќе биде домаќин на „каталонскиот џин“ на стадионот Јувентус во Торино на 11. април, а билетите за натпреварот веќе се распродадени.
Интересно е тоа што влезниците не стигнаа во слободна продажба, бидејќи се купени од страна на членовите на клубот во посебна претпродажба. Капацитетот на стадионот на Јувентус изнесува околу 41.000 седишта.
Оваа сезона четвртфиналето меѓу Јувентус и Барселона ќе биде реприза на финалето од Лигата на шампионите во 2015 година. Тогаш на Олимпискиот стадион во Берлин, Барса славеше со резултат 3:1 и стигна до петтата титула шампион на Европа.