Ata Ufuk Şeker
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
БРИСЕЛ (АА) – Европското првенство во фудбал (ЕУРО 2016), кое ќе се одржи во Франција, се наведува како причина за прекин на продажбата на алкохол во центарот на Брисел за време на ноќните часови, јавува Anadoly Agency (AA).
Одлуката за забрана на продажбата на алкохолни пијалоци од 23.00-07.00 наутро, во сите маркети и продавници во центарот на белгискиот главен град, е донесена од страна на градското собрание на Брисел и ќе биде стапи на сила од 10 јуни до 10 јули.
Продажните објекти кои нема да се придржуваат на одлуката, ќе сносат казна од 350 евра. Исто така, можно е одземање на дозволата за работа.
Во Брисел беа донесени мерки слични на овие во 2014 година за време на Светското првенство, и реакциите предизвикани од истите беа сведени под контрола со акција на полицијата.