Oktaj Omeragik
17 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
СКОПЈЕ
Вчера се одиграа последните натпревари од 9. коло на квалификациите за учество на ЕВРО 2020 во фудбал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на 9. коло од квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, вчера се одиграа последните 10 натпревари.
Репрезентацијата на Белгија ѝ гостуваше на Русија. Гостите не дозволија изненадување и ја продолжија својата победничка серија, 9 победи на 9 средби, и со максимален учинок се наоѓаат на врвот од табелата со 27 бода. Русија и покрај поразот, од претходно ја имаше осигурано втората позиција и пласманот на ЕВРО 2020.
Во групата Г, репрезентацијата на С. Македонија ѝ гостуваше на Австрија. С. Македонија не успеа да направи изненадувања, а Австрија со победата од 2 : 1 ја потврди својата втора позиција на табелата и пласманот на ЕВРО 2020. Израел на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Полска. Гостите славеа победа од 1 : 2 и ја задржаа водечката позиција во групата.
Хрватска во групата Е на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Словачка. Домаќините извојуваа победа од 3 : 1, со што ја загарантираа лидерската позиција и пласманот во завршницата на Европското фубалско првенство ЕВРО 2020.
Во групата Ц, Германија високо со 4 : 0 ја порази репрезентацијата на Белорусија, а Холандија одигра нерешено 0 : 0 на гостувањето во Северна Ирска. По овие резултати, Германија сама го презеде водството на табелата пред Холандија и избори пласман на ЕВРО 2020.
По победата на Словенија над Летонија од 1 : 0 и поразот на Сан Марино од Казахстан од 1 : 3, и петочната победа на Данска над Гибралтар од 6 : 0, Летонија, Сан Марино и Гибралтар немаат освоено ниту еден бод во досегашниот тек од квалификациите.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Кипар (грчки дел) - Шкотска 1 : 2
Русија - Белгија 1 : 4
Азербејџан - Велс 0 : 2
Сан Марино - Казахстан 1 : 3
Словенија - Летонија 1 : 0
Хрватска - Словачка 3 : 1
Северна Ирска - Холандија 0 : 0
Германија - Белорусија 4 : 0
Израел - Полска 1 : 2
Австрија - С. Македонија 2 : 1.
Досега директен пласман во завршницата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, пред одигрување на последното коло, изборија Англија и Чешка во групата А, Украина во групата Б, Германија и Холандија во групата Ц, Хрватска во групата Е, Шпанија и Шведска во групата Ф, Полска и Австрија во групата Г, Франција и Турција во групата Х, Белгија и Русија во групата И и репрезентациите на Италија и Финска во групата Ј.
Денес на програмата се првите средби од 10. последно коло на квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020. Се среќаваат:
15:00 Луксембург - Португалија
15:00 Србија - Украина
18:00 Бугарија - Чешка
18:00 Косово - Англија
20:45 Молдавија - Исланд
20:45 Албанија - Франција
20:45 Андора - Турција.
Во понеделник, 18 ноември, во рамките на натпреварите од 10. коло се среќаваат:
20:45 Лихтенштајн - Босна и Херцеговина
20:45 Шпанија - Романија
20:45 Шведска - Фарски Острови
20:45 Грција - Финска
20:45 Малта - Норвешка
20:45 Ирска - Данска
20:45 Италија - Ерменија
20:45 Гибралтар - Швајцарија.
Вторник, 19 ноември, во рамките на 10. коло ќе се одиграат последните натпревари од квалификациите за пласман на ЕВРО 2020, а се среќаваат:
20:45 Летонија - Австрија
20:45 Германија - Северна Ирска
20:45 Велс - Унгарија
20:45 Северна Македонија - Израел
20:45 Белгија - Кипар (грчки дел)
20:45 Полска - Словенија
20:45 Сан Марино - Русија
20:45 Шкотска - Казахстан
20:45 Словачка - Азербејџан
20:45 Холандија - Естонија.