Serhat Bağbars
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
ПЈОНГЧАНГ (АА) - Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал победи во дисциплината спуст на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот Пјонгчанг, и така стана најстариот освојувач на златен медал во алпските дисциплини во историјата на зимските олимпијади, јавува Anadolu Agency (AA).
Искусниот 35-годишен Свиндал трката ја заврши за 1,025 минути, а 12 стотинки побавен од него беше неговиот сонародник, Норвежанецот Кетил Јансруд, кој се закити со сребрен медал. Актуелниот светски првак во дисциплината спуст, Швајцарецот Беат Фојц, освои бронзен медал.
Свиндал во кариерата има освоено вкупно четири медали, од кои две златни.
Шестиот ден од ЗОИ во Пјонгчанг жените возеа велеслалом, а златен медал освои Американската Михаела Шифрин, која пред почетокот на трката се сметаше за главен фаворит.
Среброто го освои Норвежанката Ранхилд Мовинкел како и Италијанката Федерика Брињоне.
Скијачката од Босна и Херцеговина Елведина Музаферија го зазеде 44 место од вкупно 58 скијачки кои ги завршија двете трки. Од победничката Шифин беше побавна 14,88 секунди.
Младата хрватска скијачка Леона Поповиќ, падна во првото возење, а од патеката беше однесена со амбулантно возило.