????? ??????????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
СТОКХОЛМ (АА) - Фудбалскиот ас од Paris Saint Germain, Златан Ибрахимовиќ беше избран за најдобар играч на Шведска минатата година, со што го доби десетото јубилејно признание во земјата во чија репрезентација ја носи капитенската лента, јавува Anadolu Agency (АА).
Доделувањето на наградите за најдобрите фудбалери на Шведска се одржа синоќа во глобалната арена во Стокхолм, а Ибрахимовиќ изјави дека е среќен со престижната награда "Златната топка на Шведска" додаваќи дека голема заслуга за неговиот успех има неговото семејство.
Потсетувајќи дека селекцијата на Шведска наскоро ќе одигра два натпревари во баражот против Данска за да се квалификува на Европското првенство во Франција, Ибрахимовиќ, рече дека очекува да победа и пласман на ЕП. Голема причина за радување имаше и турскиот голман од тимот Kasimpasa Andreas Isaksson, кој исто така по десетти пат ја освои наградата за најдобар голман на Шведска. Тој изјави дека е горд поради новото признание во својата татковина, додавајќи дека вистинската прослава ќе ја одложи по престојните натпревари против Данска, и дека ќе слави откако шведската репрезентација ќе се избори за влез во борбата за најдобри селекции на Европа во Франција.
Наградата "Златна копачка на Шведска", која се доделува на најдобрите стрелци, ја доби уште еден натурализиран шведски напаѓач Емир Кујовиќ.
Кујовиќ е најдобриот стрелец во Супер Лигата на Шведска со постигнати 21 голови во дресот на актуелниот првак Norrköping, но при доделувањето на наградата изјави дека е среќен и поради повикот и од шведскиот национален тим.