Diyar Güldoğan
10 Јуни 2026•Ажурирано: 10 Јуни 2026
Камерата спајдеркам (Spidercam) што висеше над теренот падна на игралиштето за време на меѓународниот пријателски натпревар на Унгарија против Казахстан, при што за малку се избегна потенцијално сериозна несреќа на стадионот „Наѓердеи“ во Дебрецин, јавува Анадолу.
Според локалните медиуми, системот на камерата се откачил и паднал на теренот испуштајќи чад.
Камерата паднала на само неколку метри од снимателот што се наоѓал покрај аут-линијата.
Нема пријавени повредени лица.
Поради инцидентот накратко беше прекинат фудбалскиот натпревар, на кој Унгарија го победи Казахстан со 3:1.