Furkan Abdula
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Северна Македонија во рамките на квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство 2022 вечерва на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје одигра реми без погодоци против репрезентацијата на Романија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Исто како и на натпреварот против Ерменија одиграна пред неколку дена, репрезентативците на Северна Македонија доминираа на терен, но немаа никаква реализација во нападот.
Северна Македонија имаше неколку шанси во првото полувреме, но сите резултираа без погодок.
Кон половина на второто полувреме, репрезентацијата на Романија имаше шанса против домашната екипа, но овој обид на Романија заврши без гол.
Ова е трето реми за Северна Македонија во третиот и последен меч од септемврискиот циклус квалификации за Светското првенство 2022.
На другите две средби од 6. коло од Ј-групата, Ерменија и Лихтенштајн одиграа нерешено со резултат 1:1, додека Германија го совлада Исланд на гостински терен со резултат 4:0.
Германија е прва на табелата со 15 бода, Ерменија има 11, Романија 10, Северна Македонија 9, Исланд 4, Лихтенштајн 1.