Doğa Kırmızıoğlu
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
ЛОНДОН (АА) - Фудбалерот на Манчестер сити Кевин де Брујне, е избран за најдобар играч во изминатата сезона на англиската Премиер лига, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Раководството на Премиер лигата на официјалната веб-страница објави дека најдобриот фудбалер на сезоната бил избран од жирито составено од навивачи и фудбалски експерти.
Белгискиот репезентативец победи во силната конкуренција во која најголеми ривали му беа Трент Александер-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане од Ливерпул, Дани Ингс од Саутемптон, Ник Поуп од Барнли и Џејми Варди од Лестер сити.
Де Брујне во изминатата сезона на Премиер лигата постигна 13 гола и забележа 20 асистенции со што го изедначи рекордот за асистенции поставен од поранешниот ас на Арсенал, Тиери Анри, пред 17 години.
Вчера, за најдобар тренер во изминатата сезона во Премиер лигата беше избран шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јурген Клоп.